Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Павел Христов

Роден е во с. Цапари, Битолско, во 1874 година. Завршил педагошко училиште во Лом и работел како учител Прилеп, Кичево, Костур и Битола. Во редовите на ВМОРО влегол во 1895 година. Од 1898-1901 година е раководител на Костурскиот револуционерен реон. Во 1901 година е уапсен од турската власт и одлежал 3 години во Корчанскиот затвор.

По Илинденското востание е избран за раководител на Битолскиот окружен револуционерен округ. На Рилскиот конгрес во 1905 година е делегат од Битолскиот округ, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година е избран за член на Централниот Комитет. По Младотурската револуција од 1908 година е училишен инспектор во Битола. Во декември 1909 година е уапсен по аферата со убиството на Ј.Јованович, за по два месеци да биди ослободен.

Во 1910-1911 година, е задграничен претставник на ВМОРО во Софија. Во Балканските војни води чета во Битолско. Тој е еден од организаторите на Охридско-дебарското востание.

Во 1915-1918 година е окружен финансиски раководител, а подоцна окружен управник на Битола. По војната е на страна на левицата. Во 1921 година заминува во Албанија, заедно со А.Протогеров, како претставник на Македонската федеративна организација, каде склучува договор со албанските револуционери, на чело со Х.Б.Приштина, за заедничка борба против српската власт.

Умрел на 6 јуни 1922 година во Софија од туберколоза, во тешка мизерија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik